Европски ФудбалФудбал

Рамос на поранешните соиграчи од Реал им открил каде ја продолжува кариерата!

Откако не се согласи за продолжување на соработката со Реал Мадрид, Серхио Рамос ги напушти редовите на шпанскиот великан пред две недели.

Според шпанските медиуми, искусниот дефанзивец им открил на своите поранешни соиграчи од Реал во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, а трансферот е близу до реализација.

Шпанецот кариерата ја продолжува во редовите на ПСЖ, а неговите поранешни соиграчи од Реал Мадрид се информирани дека ќе ги прифати сите услови што ќе му ги понуди францускиот клуб и дека ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.

Да потсетиме, Рамос го носеше дресот на Реал Мадрид 16 години и освои се што може да се освои. Дали ќе има успех со ПСЖ, каков што имаше во дресот на шпанскиот великан, останува да видиме.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!