Европски ФудбалФудбал

Рамос и Роналдо следната сезона повторно соиграчи!

Серхио Рамос по 16 години го напушти Реал Мадрид и не ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“, а во следната сезона многу веројатно ќе го носи дресот на Парис Сен Жермен. Според тамошните медиуми Рамос ќе ги прифати сите услови кои што ќе му ги понуди францускиот клуб.

Шпанецот веќе на поранешниот соиграчи од Реал им ја потврдил информацијата дека следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ под услови какви што ќе му бидат понудени.

Кристијано Роналдо во Јувентус пристигна во 2018 година, а Португалецот е на излезна врата од гигантот од Торино по пристигањето на Алегри на клупата на „старата дама“. Изминатите денови се водат интензивни преговори за трансфер на Роналдо на „Паркот на принцовите“, а според последните информации ваков трансфер најверојатно и ќе се случи.

Тоа значи дека следната сезона Рамос и Роналдо ќе бидат повторно соиграчи како што беа долги сезони во Реал Мадрид.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!