Европски ФудбалФудбал

Рамос е пред потпис со ПСЖ

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос е слободен да избере нова средина, по одлуката на „кралскиот клуб“ да не му понуди продолжување на соработката за уште две години, како што тој побара, туку само за една година, која дефанзивецот кој е на Бернабеу 16 години не сакаше да ја прифати.

Неколку часа откако беше потврдено дека Реал Мадрид и Серхио Рамос се разделуваат, шпанскиот „Ас“ ја пренесе веста дека искусниот стопер е на прагот на Пари Сен Жермен. Манчестер Јунајтед и Челси беа заинтересирани за неговите услуги во последните неколку недели, но и ПСЖ, кој сега ја зазеде лидерската позиција во трката за потписот на Рамос.

Мадридскиот „Ас“ ги наведува причините што му одговараат на Рамос и посочува дека Серхио не би имал проблем со прилагодувањето, бидејќи неговите поранешни соиграчи од „кралскиот клуб“ се на „Паркот на принцовите“.

Покрај тоа, тие бараат лидер во Париз по заминувањето на Тијаго Силва, а Рамос одлично одговара на тој профил. Ниту платата нема да биде проблем, бидејќи ПСЖ во јануари понуди 15.000.000 евра годишно, а од Мадрид би бил само еден час со авион, близу до семејството.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!