Европски ФудбалФудбал

Ралф Рангник постигна договор со Манчестер Јунајтед

Според „Скај Спорт“, Ралф Рангник во моментов е најблиску до клупата на Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми потсетуваат дека Рангник прво би морал да го напушти местото во московски Локомотив каде што е спортски директор, но и дека преговорите со Манчестер Јунајтед, но и со Локомотив се блиску до финализирање.

Рангник на тој начин би го презел раководството на тимот до крајот на сезоната, по што би останал во клубот како советник во следните две години.

Од „Атлетик“ тврдат дека веќе е постигнат договор меѓу Јунајтед и Рангник и дека се чека само на Локомотива, иако тоа не го гледаат како пречка на „Олд Трафорд“.

Сепак, од „Атлетик“ потсетуваат дека и денеска да се комплетира договорот, Рангник нема да може да го води клубот во дуелот со Челзи в недела поради решавање на документацијата околу работната дозвола.

„Таткото на модерното тренерство“ во Германија ги водеше Хановер, Шалке, Хофенхајм и Лајпциг. Тој го внесе Улм во Бундеслигата, а има голем успех во улогата на спортски директор. Во таа улога беше во Лајпциг и Салцбург.

Како што се наведува, на овој начин Јунајтед би го решил прашањето за менаџерот за оваа сезона, а тоа би му дало време да преговара со тренерите кои сака да ги донесе како трајно решение, а најсериозни кандидати се Маурисио Покетино и Ерик тен Хаг.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!