Европски ФудбалФудбал

Раководството на Шефилд незадоволно: Јокановиќ остана без работа

Српскиот стручњак Славиша Јокановиќ повеќе нема да биде менаџер на Шефилд Јунајтед, пренесува „Скај Спорт“.

Како што се наведува, Јокановиќ ќе добие отказ бидејќи раководството на тимот не е задоволно од постигнатите резултати.

Шефилд го победи Ридинг со 1-0 на гости пред два дена и ја прекина серијата од четири меча без победа, но тоа очигледно не беше доволно.

Со шест победи, пет нерешени и осум порази Шефилд по 19 кола во Чемпионшип е 16-ти на табелата со 23 освоени бода.

Јокановиќ го презеде тимот во мај годинава.

Шефилд беше третиот англиски клуб за српскиот тренер, откако претходно ги воведе Ватфорд и Фулам во Премиер лигата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!