РакометРакомет - Суперлига

Ракометниот натпревар меѓу Радовиш и Вардар 1961 ќе има хуманитарен карактер

Во рамки на 13. коло од ракометната Суперлига на Македонија ракометарите на Радовиш на домашен терен ќе се соочат со актуелниот шампион Вардар 1961. Фаворитот на овој натпревар е сосема јасен, трите бодови ќе бидат впишани на контото на двократниот Европски шампион, но натпреварот во СРЦ „25-Мај“ ќе има хуманитарен карактер.

Димитри Николов се наоѓа на болничко лекување во Република Турција, и затоа радовишкиот суперлигаш одлучи влезот да се наплаќа со симболични 50 денари наменети за помош на нивниот мал сограѓанин.

Натпреварот ќе се одигра во сабота (4 декември) со почеток од 18:00 часот.

Поврзани Наслови

Од РК Радовиш апелираат во што поголем број да дојдат в сала да го поддржат нивниот клуб и со тоа да помогнат на малиот Димитри Николов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!