РакометРакомет - Суперлига

Ракометниот клуб Прилеп потпиша договори со четири свои талентирани и млади ракометари

Суперлигашот Прилеп потпиша договори со четири свои талентирани и млади ракометари.

Станува збор за Сашко Манчески, Никола Стојкоски, Лео Дамчески и Стефан Лозаноски кои претставуваат иднина на прилепскиот ракомет и македонската репрезентација.

„Со ова уште еднаш се потврдува дека Прилеп им дава голема шанса на младите кои во иднина треба да бидат предводници на овој тим“, велат од клубот.

Прилеп во плеј-аутот од Суперлигата ќе води борба за опстанок со Тиквеш, Младост од Богданци, Радовиш, Работнички, Астраион од Струмица, Голден Арт КЛ7 и Јуниор Кисела Вода.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!