Европски ФудбалФудбал

Ракитиќ: Роналдо ме повика во Јувентус

Иван Ракитиќ, репрезентативец на Хрватска, откри дека Кристијано Роналдо го поканил лично да дојде во Јувентус, додека тој беше член на Барселона.

„Летото 2019 година, Кристијано лично ме повика да се преселам во Јувентус. Тој ми рече дека и луѓето од клубот ме сакаат во своите редови. Сепак, реализацијата не се случи бидејќи Барселона побара 50 милиони евра. Беше премногу“, рече Ракитиќ.

После тоа, Хрватот остана во Барселона уште една година, а потоа се врати во Севилја летото 2020 година за само 1,5 милиони евра, клубот од кој замина во Каталонија.

„Жал ми е што не играв со Роналдо. Тој е еден од најдобрите на сите времиња. „Уживам да го гледам и воодушевен сум од она што го прави во Јувентус”, рече Ракитиќ.

Во својата кариера, Ракитиќ ги носеше дресовите и на Базел и Шалке. За Хрватска одигра 106 натпревари и постигна 15 голови.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!