Европски ФудбалФудбал

Рајола го „продава“ Халанд: Барса, Реал, а можеби и Дортмунд

Мино Рајола, менаџерот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, вели дека неговиот клиент не го чека повикот на Барселона.

„Халанд може да почека во секое време“, изјави Рајола, кој демантираше дека Норвежанецот има преддоговор со Реал Мадрид:

„Немаме преддоговор со ниту еден клуб.

21-годишниот фудбалер има договор со „Милионерите“ до крајот на јуни 2024 година.

„Ќе ја бараме најдобрата опција, а исто така никогаш не исклучив дека ќе остане во Борусија уште една година“, потенцира Рајола.

Халанд во моментов е трет стрелец во Бундеслигата со 13 постигнати голови на 11 натпревари. „Трансфермарк“ проценува дека вредноста на Норвежанецот е 150.000.000 евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!