Европски ФудбалФудбал

Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски се врати во шпанска Примера

Фудбалерите на Рајо Ваљекано изборија место во елитниот ранг на шпанскиот фудбал совладувајќи ја Џирона во реваншот од плеј-офот. Џирона на првиот натпревар славеше со 2:1, и се покажа дека тој погодок на првиот натпревар му донесе на Рајо пласман понатаму, бидејќи на вториот натпревар славеше со 2:0.

Сè беше решено во првото полувреме. Откако екипата на македонскиот голмански репрезентативец, Столе Димитриевски, поведе во седмата минута со голот на Гарсија, а капитенот Трехо ја потврди победата во втората минута од продолжението на првиот дел.

Рајо Ваљекано имаше играч помалку во 56. минута бидејќи Веласкез го доби вториот жолт картон, но Џирона не успеа да го искористи тоа и да го смени резултатот.

Рајо имаше повеќе порази и повеќе примени голови во текот на сезоната од сите учесници во плејофот, но беше најдобар кога беше најпотребно и следната сезона ќе игра во Примера.

Столе Димитриевски на Европското првенство е најдобар наш поединец на двата натпревари, а вечерва неговата екипа се врати во шпанската елита, па Столе во Амстердам има уште една причина за радост.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!