Европски ФудбалФудбал

Раиола ги објави имињата на клубовите за кои размислува Ерлинг Халанд

Менаџерот Мино Раиола ги објави имињата на четири клуба од кои прекрасниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ќе ја избере својата нова дестинација.

Раиола во интервју за германските медиуми изјави дека Халанд е подготвен за следниот чекор во кариерата и ги откри имињата на четири клуба кои имаат шанса да го доведат.

„Тој ќе го направи следниот чекор во кариерата“, изјави Раиола за германски „Спорт1“ и продолжи:

„Баерн, Реал, Барселона и Манчестер Сити се меѓу клубовите каде тој може да оди. Сити освои повеќе титули од Манчестер Јунајтед во последните години“, рече Раиола, алудирајќи дека Јунајтед не е во игра за потписот на Халанд.

„Трансферот ќе дојде, ова или следното лето, постои голема можност да биде ова лето, ќе видиме“, изјави Раиола.

Халанд ќе го чини купувачот 75 милиони евра, но трансферот ќе чини вкупно околу 300 милиони кога ќе се вклучат платите на фудбалерот и менаџерските провизии.

Ерлинг Халанд пристигна во Борусија зимата 2020 година од Салцбург и постигна 72 гола на 72 настапи за тимот од Дортмунд.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!