Европски ФудбалФудбал

Рафа Бенитез блиску до договор со Евертон

Шпанскиот тренер Рафа Бенитез е близу до преземање на позицијата менаџер на Евертон по позитивните разговори со управата на клубот.

Бенитез е без работа од јануари годинава кога го напушти кинескиот Далиан Јифанг, а доколку потпише договор, Евертон ќе биде неговиот трет клуб во Англија. Со Ливерпул (2004-2010) ја освои Лигата на шампионите во 2005 година, додека пред да замине за Кина седеше на клупата на Њукасл две сезони.

„Скај Спорт“ објави дека Шпанецот бил првата опција на „карамелите“, а сега му е понудена работа.

Евертон е во потрага по наследникот на Карло Анчелоти, кој се врати во Реал Мадрид. Челниците на клубот разговараа со Нуно Еспирито Санто, кој на крајот се реши за Кристал Палас, но и со Дејвид Мојс.

Шеесет и едногодишниот Бенитез ја започна својата тренерска кариера во Реал Мадрид Б во 1993 година, а работеше и во Ваљадолид, Осасуна, Екстремадура, Тенерифе, Валенсија, Ливерпул, Интер, Челси, Наполи, Реал Мадрид, Њукасл и Далиан.

Тој беше двапати шампион на Шпанија со Валенсија и освојувач на Купот на УЕФА со Ливерпул, ФА Купот, Лигата на шампионите, англискиот Суперкуп и Европскиот Суперкуп, со Интер го освои Суперкупот на Италија и Светското клупско првенство.

Евертон минатата сезона беше десетти во Премиер лигата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!