РакометРакомет - Суперлига

Радовиш запиша победа над Јуниор Кисела Вода

Радовиш со победа го заврши првиот дел од Суперлигата, откако на гостување кај Јуниор Кисела Вода славеше со 23:28. За радовишани оваа беше петтата сезонска победа и многу веројатно е дека ќе завршат на петото место на табелата во групата А.

Првиот дел од мечот беше одбележан со израмнета и возбудлива борба од страна на двете екипи, а водството се менуваше, за на пауза да се замине со нерешени 12:12. Во второто полувреме радовишани беа подобри и почнаа да напаѓаат и водството се зголемуваше до конечните 23:28.

Најдобар кај домаќините беше Барјактаревиќ со девет гола, а по четири Милутиновиќ и Трајковски, додека кај Радовиш најдобар беше Стојановски со десет гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!