РакометРакомет - Суперлига

Радовиш со интензивни подготовки атакува на прво место во плеј-аутот од Суперлигата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометниот суперлигаш Радовиш веќе една недела интензивно се подготвува за предизвиците во плеј-аутот од Суперлигата. Радовишани преговараат со неколку засилувања кои би требало во следните денови и официјално да бидат промовирани во екипата.

Клубот од Радовиш атакува на прво место во плеј-аутот и сигурен опстанок во Суперлигата на Македонија.

Радовиш во регуларниот дел беше од групата А каде заврши на петтото место на табелата и со тоа не успеа да обезбеди плеј-оф и сигурен опстанок во ракометната елита.

Во разигрувањето за опстанок во Суперлигата покрај Радовиш ќе бидат и струмички Астраион, Младост од Богданци, Тиквеш, Прилеп, Голден Арт КЛ7, Работнички и Јуниор Кисела Вода.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!