РакометРакомет - Суперлига

Радовиш се засили со две квалитетни засилувања од Србија и едно од Либија

Ракометниот суперлигаш Радовиш во плеј-аутот од Суперлигата влегува значително засилен и станува сериозен фаворит за првите три места и сигурен опстанок во ракометната елита и за следната сезона.

Радовишани се засилија со Милош Лојаничиќ и Петар Ачимовиќ од Србија и Али Кобеиси од Либија, со што значително се подига квалитетот на екипата.

Левиот бек Ачимовиќ има 27 години, a во својата кариера има настапувано во грчкото првенство за екипите на Арион Птолемаида, Зафиракис Науса, Архелаос Катерини.

Десниот бек Лојаничиќ има 31 година и може да игра во двата правци. Потекнува од школата на Врбас, и има својата богата интернационална кариера во Европа.

Пикерот Кобеиси доаѓа од Либија, а двометрашот одлично одговара и во дефанзивната линија.

Од раководстото на радовишкиот суперлигаш размислуваат и за уште едно засилување кое ќе биде четврто, пред стартот на плеј-аутот, кој сезонава ќе биде доста неизвесен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!