РакометРакомет - Суперлига

Радовиш против Работнички ќе брка четврта победа во низа, дерби меѓу КЛ7 и Прилеп

Во сабота се играат четирите натпревари од 8. коло од плеј аутот од Супер лигата. Ракометарите на Радовиш на домашен терен ќе бркаат четврта победа во низа против Работнички откако новиот тренер Андон Бошковски го прероди Радовиш и го врати на победничките патеки. Одличната форма, позитивна атмосфера во клубот и домашниот терен ќе бидат голема предноста за Радовиш кој доколку реализира победа ќе собере 12 бодови и ќе направи голем чекор кон првите две места на табелата. Натпреварот во СРЦ „25-Мај“ ќе го судат Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп, а стартот е закажан во 15:30 часот.

Во Скопје ќе се одигра дерби меѓу Голден Арт КЛ7 и Прилеп. Трите бода се императив и за двете екипи во битката за првите две места на табелата. Дуелот кој се игра во малата во „Јане Сандански“ со почеток од 15:00 часот ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје.

Лидерот Тиквеш на домашен терен ќе игра против екипата на Јуниор Кисела Вода. Во СС „Јасмин“ домаќинот ќе биде фаворит за трите бодови. Правдата ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, а почетокот е закажан за во 16:00 часот.

Младост во Богданци ќе биде домаќин на Астраион од Струмица, во натпревар каде домашните ракометари ќе бидат апсолутни фаворити против струмичани кој се на дното од табелата без освоени бодови. Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола ќе го судат натпреварот кој ќе започне во 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!