ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Радовиш на дуел со Младост, Тиквеш фаворит против Астраион, Работнички на дерби со Прилеп

Со дербито во Скопје меѓу Работнички и Прилеп стартува 2. коло од плеј-аутот од ракометната Суперлига.

Дуелот кој се игра во „Јане Сандански“ ќе биде неизвесен и со голема борба за трите бодови. Работнички во 1. коло на домашен терен го сруши засилениот Радовиш со два разлика, па денес влегува мотивиран за нова победа и три бодови. Прилеп во 1. коло го загуби дуелот со младата екипа на Голден Арт КЛ7 исто така со два разлика. Прилепчани денес ќе мораат да одиграат одлично и да ги запишат првите бодови во борбата за опстанок.

Натпреварот ќе стартува во 16:30 часот, а судиска двојка ќе биде Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје, за делегат е делегиран Маријан Огњановски од Скопје.

Тиквеш – Астраион

Тиквеш во „Јасмин“ ќе ја пречека екипата на Астраион. Домаќинот ќе биде голем фаворит, поради квалитетот на екипата, формата и домашниот терен. Но, младата струмичка екипа во Кавадарци не оди со бело знаме, па сигурно овие млади ракометари во „Јасмин“ ќе истрчат со мотив за изненадување и први бодови во плеј-аутот. Тиквеш во првото коло запиша голема победа над Јуниор Кисела Вода со осум разлика, додека Астраион дома беше поразен од Младост Богданци со шест разлика.

Натпреварот ќе стартува во 18:00 часот, за судиска двојка делегирани се Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје, за делегат Владимир Саздовски исто така од Скопје.

Радовиш – Младост Богданци

Радовиш денес на домашен терен игра важен натпревар против Младост од Богданци. Засилените радовишани минатото коло се „лизнаа“ во Скопје кај Работнички каде загубија со 25:23 и дома се вратија со празни раце, па денес избраниците на Љупче Мијалов ќе бидат пред сериозен предизвик за победа против Младост од Богданци, која минатото коло го „среди“ Астраион. Гостите од Богданци имаат квалитетен тим и доаѓаат силно мотивирани за втора победа и три бодови, па тоа го прави вечерниот дуел да биде неизвесен.

Натпреварот кој се игра во СРЦ „25-Мај“ ќе стартува во 19:00 часто, а Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје ќе биде судиската двојка, додека делегат на натпреварот ќе биде Русе Наумовски од Скопје.

Колото ќе биде комлетирано утре со дуелот меѓу Голден Арт КЛ7 и Јуниор Кисела Вода.

Сите натпревари ќе може да ги следите во ЖИВО и на Спортска Мрежа, со пренос овозможен од РФМ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!