РакометРакомет - Суперлига

Радовиш и Александар Марков ја продолжија соработката и за следната сезона

Ракометниот клуб Радовиш продолжува со градењето на тимот за следната сезона во Супер лигата. Радовишани денес ја продолжија соработката со Александар Марков кој останува верен на клубот и во следната сезона ќе биде дел од истиот.

Радовиш во баражот беше далеку подобар од Шампион и го задржат суперлигашкиот статус и за следната сезона.

Претходно, Радовиш ја продолжи соработката со Органџиев, Постолов, Долдуров, Ѓоргиев, Трајанов, Паунов и Ристов.

Кормилар во новата сезона на радовишани ќе биде Васил Василев кој доаѓа од ГРК Борец.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!