РакометРакомет - Суперлига

Радовиш е незапирлив, славеше против Младост среде Богданци

Ракометарите на Радовиш ја забележаа петтата победа во низа откако денес во Богданци славеа над Младост со 22:27 во меч од 9. коло од плеј-аутот во Супер лигата.

Промената на тренерот во Радовиш донесе големи позитивни резултати, а екипата чекори кон сигурен опстанок во Супер лигата.

Првиот дел од мечот беше доста неизвесен и израмнет, а на полувреме резултатот беше 13:13. На стартот од вториот дел Радовиш повторно го презема водството и до крајот на натпреварот имаше контрола над резултатот и не дозволи изненадување.

Најдобар во редовите кај Младост беше Караиванов со 6 погодоци, додека кај Радовиш со шест погодоци најдобар беше Ивица Илиев.

Јуниор Кисела Вода на домашен терен стигна до значајна победа откако со 43:37 ја среди екипата на КЛ7. Мршуља со неверојатно 18 погодоци беше најдобриот стрелец кај Јуниор КВ, додека Емилијан Ѓорговски кај КЛ7 девет погодоци беше најдобар стрелец.

ТАБЕЛА плеј-аут

  1. Тиквеш 21 бодови
  2. Прилеп 18 бодови
  3. Радовиш 15 бодови
  4. Г.А. КЛ7 – 15 бодови
  5. Јуниор К.В. – 13 бодови
  6. Младост – 13 бодови
  7. Работнички – 12 бодови
  8. Астраион – 0 бодови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!