РакометРакомет - Суперлига
Радовиш до прва победа во плеј-аутот, го победи Јуниор КВ во Скопје

Ракометарите на Радовиш конечно запишаа прва победа во плеј-аутот од Супер лигата откако на гостување во Скопје кај Јуниор Кисела Вода беа подобри со 32:34.
Радовиш до првата победа стигна со новиот тренер Андон Бошковски. Првиот дел од натпреварот помина доста неизвесно со менување на водството, но на пауза се замина со 20:20.
Во вториот дел домашните ракометари го вратија водството, по што следуваше одлична серија на Радовиш за промена на водството. До крајот на натпреварот Јуниор КВ успеа да израмни, но радовишани одиграа сигурно и ги запишаа првите бодови во плеј-аутот.
Кај домашната екипа Жарко Барјактаревиќ со девет погодоци беше најдобар, додека кај Радовиш Ивица Илиев со 12 гола ја искина мрежата на Петковски.