ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички утре ги стартува зимските подготовки, втората фаза во Анталија

Работнички утре ќе ги стартува подготовките за вториот дел од сезоната. Шефот на стручниот штаб Борче Христов во 13 часот во клупската база ќе ја изврши првата прозивка по што ќе почнат и тренинг активностите.

Првиот дел од подготовките ќе биде реализиран во Скопје, а од 20. јануари тимот ќе замине во турскиот туристички центар Анталија каде ќе се спроведе главната фаза од зимските подготовки. Во план е одигрување и на неколку пријателски натпревари, а враќањето во Македонија е предвидено за 31. јануари.

Првиот пријателски натпревар е закажан за 18. јануари против Македонија Ѓорче Петров.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!