ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички стартуваше со подготовки, тренерот Влахо побара дисциплина и напорна работа

Работнички ги стартуваше зимските подготовки. Во клупската база, новиот шеф на стручниот штаб Александар Влахо ја изврши првата прозивка на која беа присутни и петте нови засилувања, повратниците Марио Станковски и Андреј Лазаров, како и голманот Бурхан Мустафа, Марјан Ристовски и Андреј Кировски.

Претседателот Драган Поповски ги поздрави фудбалерите во клупските простории и им посака многу здравје, среќа и успеси во новата 2021 година, а потоа ја препушти палката на стручниот штаб. Тренерот Александар Влахо, кој ќе соработува со Стојанче Игњатов и со кондицискиот тренер Перо Костовски како нови имиња, побара дисциплина и напорна работа од фудбалерите.

„Работнички е клуб со европски манири и сите треба да се однесуваме согласно таквиот имиџ. Не очекуваат зимски подготовки кои мора да ги одработиме максимално сериозно за потоа да можеме да се надеваме на успешна пролет“, истакна шефот на стручниот штаб.

Првиот тренинг фудбалерите на Работнички го одржаа на игралиштето со вештачка трева, од утре програмата ќе биде удвоена. На 26 јануари тимот заминува на подготовки во Охрид.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!