ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички спогодбено се раздели со тренерот Ратко Достаниќ

Фудбалскиот клуб Работнички на спогодбен начин ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во пролетниот дел од првенството ќе има нов шеф на стручниот штаб.

„Дојде до разделба со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во меѓусебен разговор оценивме дека во моментот најдобро е да има спогодбен раскин на договорот со тренерот Достаниќ. ФК Работнички му се заблагодарува за професионалниот пристап и напорната работа и му посакува се најдобро во натамошната кариера. Во наредните неколку дена ќе се посветиме на изнаоѓање најдобро решение за тренерската позиција во клубот“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.

Работнички го заокружи есенскиот дел од првенството на седмата позиција со 24 бода. Тимот оствари пет победи, четири порази и имаше девет нерешени исходи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!