ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички со триумф над Лвов на првиот тест во Анталија

Работнички оствари триумф од 1-0 против украинскиот прволигаш Лвов на првиот пријателски натпревар во Анталија. Стрелец на победничкиот гол за македонскиот прволигаш беше новото засилување Анес Рушевиќ во 40.минута од мечот.

>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<

Покрај погодокот, Работнички создаде уште неколку одлични шанси кои сепак не беа реализирани. Во изгледни позиции беа Марјан Ристовски и Симеон Христов.

Тренерот Борче Христов го почна натпреварот со следниот состав: Јанков, Максимов, Илиевски, Кировски, Аломеровиќ, Гоес, Зејнулаи, Тодоровски. Рушевиќ, Станковски, Ристовски.
Во вториот дел шанса добија и останатите фудбалери.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!