Работнички со победа над Тетекс на вториот тест-меч

Работнички ја оствари првата победа во зимскиот подготвителен период. На вториот тест славеше против второлигашот Тетекс со 2-0. Стрелец на двата гола беше Фахрудин Ѓурѓевиќ во второто полувреме од дуелот. Тој успеа да погоди во 72.минута и го отвори резултатот, а потоа и го потврди триумфот со вториот гол во 85.минута од натпреварот.
Тренерот Александар Влахо и на овој тест – меч ја подели минутажата на сите фудбалери. Во првото полувреме нашиот тим создаде неколку шанси пред голот на Тетекс, но Марио Станковски, Стојкоски и Ристовски не успеаја да ја затресат мрежата.
Во вториот дел, офанзивата на Работнички донесе и резултат. Фахрудин Ѓурѓевиќ во 72.минута успеа да донесе водство, а во 85.минута уште еднаш ја затресе мрежата на Тетекс.
Работнички на 26.јануари патува на подготовки во Охрид каде ќе продолжи со пријателските натпревари. Следен тест ќе биде дуелот со Ренова на 27.јануари.