Работнички ремизираше против Пелистер за крај на охридската авантура (ФОТО)

Работнички ремизираше на петтиот пријателски натпревар на зимските подготовки, последен пред враќањето на тимот во Скопје. На дуелот против Пелистер составот на Александар Влахо одигра 1-1. Поведе Пелистер со голот од пенал на Борче Маневски во 63.минута, а израмни Петар Петковски во 85.минута од мечот.
Во првиот дел, убава можност за Работнички имаше Ристовски, но не успеа да реализира, а Михаил Талевски на спротивната страна ја погоди гредата.
Во второто полувреме беше досуден пенал за Пелистер, а успешен реализатор беше Борче Маневски во 63.минута. Работнички имаше убави можности за израмнување преку Ристовски и Марио Станковски.

Пред крајот стигна израмнувањето преку Петар Петковски. На асистенција на Кристијан Стојкоски, крилниот напаѓач успеа да ја затресе мрежата на Пелистер во 85.минута.
По денешниот натпревар експедицијата на Работнички се враќа во Скопје каде ќе го одработи завршниот дел од подготовките во пресрет на пролетниот дел од првенството.