ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички ремизираше без голови против лидерот Шкендија (ФОТО)

Работнички ремизираше без голови против лидерот Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ во 21.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Тимот на Александар Влахо не само што успеа да го сопре победничкиот ритам на Шкендија, туку може да жали и за триумф од овој меч. Домаќинот беше поагресивен, бараше победа, создаде многу повеќе можности пред голот на Захов.

Кристијан Стојкоски прв се закани кон голот на Шкендија, но неговиот удар не беше прецизен. Марјан Ристовски во 23.минута шутираше откосо од левата страна, но одбраната на гостите во последен момент постави блок, а најубавата шанса ја имаше Методи Максимов пред крајот на првото полувреме, кога Захов ја испушти топката, а тој од свртување со полуволеј шутираше над голот.

Единствениот посериозен обид на Шкендија во првото полувреме го имаше Љупчо Дориев.

Во вториот дел, Лука Станковски имаше изгледна можност, но не реализираше, се закани и Стојкоски, а во финишот Петар Петковски шутираше откосо од десната страна, но Захов успеа да одбрани. Мора да се спомене и дека судијата Александар Ставрев на почетокот на второто полувреме не покажа на белата точка за Работнички по очигледното играње со рака на еден одбранбен фудбалер.

Табелата од Првата лига погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!