ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички преку Лука Станковски до победа над Борец

Работнички одигра одличен натпревар и дојде до победа од 2:1 над бледиот Борец, во меч од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. Трите победи на последните пет натпревари за Работнички ќе значат многу, бидејќи есенскиот дел од сезоната го затварат на седмото место на табелата со 24 освоени бодови.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и беа поконкретни, но гостите од Велес први дојдоа до водство од 0:1, а стрелец на погодокот беше Прелчец. Радоста на велешани траеше само 3 минути, толку беше потреба за младиот Лука Станковски да ја затреси противничката мрежа за 1:1. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел двете екипи правеа притисок за гол, а повеќе среќа имаа дебармаалци кој дојдоа до водство од 2:1 повторно преку Лука Станковски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!