РакометРакомет - Суперлига

Работнички преку десетте гола на Ончев запиша голема победа над Прилеп

Играчите на Работнички запишаа нова победа, откако на домашен терен со 29:26 славеа над Прилеп, во 2. коло од плеј-аутот од Суперлигата.

Гостите од Прилеп одлично го стартуваа натпреварот и имаа водство два разлика, но Работнички брзо ја стопи разликата и дојде до 4:4, а на полувреме имаше и гол предност при 15:14.

Во вториот дел Работнички стартуваше подобро и имаше водство од 17:14, а потоа истото не беше загрозено од страна на гостинската екипа. Најмала разлика имаше кога резултатот беше 22:21, а потоа Работнички одлепи на 25:21. Прилеп немаше сили до крајот да направи изненадување, а конечниот резултат беше 29:26 и голема победа за избраниците на Стојан Петрушевски.

Најдобар во редовите на Работнички беше централниот бек Тоше Ончев кој постигна фантастични 10 погодоци, додека Стефан Крстевски имаше седум. Во редовите на Прилеп најдобар беше Реваз Чантурија кој постигна пет погодоци.

Работнички во следното коло ќе гостува кај екипата на Јуниор Кисела Вода каде ќе патува како фаворит за победа и три бодови, додека Прилеп ќе биде домаќин на Радовиш и ќе брка прва победа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!