ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички потпиша договор со Бојан Иванов

Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Бојан Иванов, 27-годишниот фудбалер за врска кој доаѓа од редовите на второлигашот Слога од Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.

Бојан Иванов е играч од средниот ред кој располага со одлична фудбалска техника и се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски. Тој од стартот на подготовките се приклучи на тимот, а сега и официјално се договори за двегодишна соработка.

Иванов во досегашната кариера настапувал за Македонија ЃП, Борец од Велес, Академија Пандев, Овче Поле, Плачковица, Саса, Брегалница, Рудар и за Слога од Виница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!