ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички означи старт на зимските подготовки

Работнички вчера ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. Претседателот на клубот Драган Поповски им посака успешна работа на фудбалерите и на стручниот штаб, а потоа тренерот Борче Христов го одржа првиот воведен тренинг со фудбалерите.

Засега официјално тимот се засили со Арменд Алими, кој дојде од Шкендија и треба да претставува квалитетно решение за средниот ред по трансферот на талентираниот Лука Станковски во турскиот прволигаш Газијантеп.

Работнички до 20. јануари ќе тренира во Скопје, а потоа ќе замине на подготовки во Анталија каде ќе биде реализирана главната фаза од подготовките.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!