ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички и Струга Трим Лум ремизираа без голови

Работнички и Струга Трим Лум одиграа реми без голови во Охрид. Избраниците на Александар Влахо одигра квалитетно, но не успеа да ја затресе мрежата на стружани. Овој дуел наликуваше на вистински првенствен натпревар, со многу желба и жар во играта.

Ѓурѓевиќ во првиот дел се закани кон голот на стружани, но не успеа да погоди на вистинското место, се обидоа и Петковски и Стојкоски во второто полувреме. Сепак, мрежите останаа да мируваат.

Струга Трим Лум имаше сериозна шанса за водство пред крајот на мечот, но одбраната на Работнички успеа да расчисти во последен момент.

На денешниот меч дебито за Работнички го имаше и најновото засилување Никола Прелчец, кој вчера потпиша договор и се приклучи на подготовките во Охрид.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!