ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Работнички и Ренова го поделија „пленот“

Работнички и Ренова денес во Скопје го отворија 16. коло од Првата македонска фудбалска лига, во водениот меч немаше погодоци (0:0) ниту победник. „Романтичарите“ и „гипсарите“ го поделија пленот.
После три последователни порази ова е прв бод за Работнички кој останува на осмото место на табелата со 19 бодови, два повеќе од бараж зоната. Ренова е четврта со 26 бодови.
Колото ќе биде комплетирано утре.