Работнички го „среди“ Вардар и го втурна кон Втора лига, Пелистер со пресврт-победа над „пандевци“

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е се поблиску до Втора лига, откако денес загуби од Работнички со 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ во најважниот натпревар. Скопското дерби очекувано му припадна на Работнички, а за „црвено-црните“ остануваат уште два натпревари и можност за излез од опасната зона, но опстанокот и дефинитивно ќе биде многу тежок. „Романтичарите“ во 12. минута со гол на Силјановски го отворија резултатот за водство од 0:1. Во 26. минута Ѓурѓевиќ донесе двојна предност на полувреме. Веќе во 56. минута Стефан Јефтоски зголеми на 0:3 со што надежите за Вардар барем за бод згаснаа. Во 83. минута Петејчук ги постави конечните 1:3.
Пелистер ја запиша посакуваната победа во дербито за опстанок со што и официјално битолчани го задржуваат прволигашкиот статус и за следната сезона. Избраниците на Димитар Капиновски одиграа одличен натпревар и преку пресврт стигнаа до победа вредна три бодови. Струмичани први дојдоа до водство со погодокот на Кире Маркоски во 24. минута. На четири минути пред крајот на првиот дел искусниот Борче Маневски ја смести топката во мрежата на Јовановски за 1:1. Само две минути игра беа потребни во вториот дел за битолчани да дојдат до водство со гол на Ристе Илијовски. Во 73. минута Гоудиаби Оумар ги постави конечните 3:1.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ