ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички го поддржа капитенот Горан Силјановски за нов интернационален предизвик

Работнички на барање на капитенот Горан Силјановски донесе одлука да му излезе во пресрет и да му овозможи како слободен агент повторно да излезе на интернационална сцена. Со оглед на долгогодишната соработка и се што Силјановски даде за клубот, Работнички одлучи да прифати спогодбен раскин шест месеци пред истекот на договорот.

Горан Силјановски во 2019 година се врати во македонскиот прволигаш и ја носеше капитенската лента по двегодишен настап во првенството на Албанија. Претходно, Силјановски беше член на Работнички и во периодот од 2013 до 2017 година.

Работнички секогаш во преден план го има интересот на своите фудбалери и наоѓа начин да им помогне во развојот на кариерата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!