ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Работнички договори шест пријателски натпревари во текот на подготовките

Тимот на Работнички ја одработува првата фаза од подготовките под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо, денеска и утре комплетниот погон ќе ги мине деталните лекарски прегледи, а закажани се и шест пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел од првенството во Првата лига.

Работнички првиот тест ќе го има на 20.јануари против Борец, а три дена подоцна ќе спарингува со второлигашот Тетекс. На 26. јануари тимот ќе замине на подготовки во Охрид, а ден подоцна е закажан тестот со Ренова. На 30.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Струга Трим Лум, на 3. фавруари ривал ќе биде Пелистер, а последната контрола пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 6.февруари, против тимот на Тиквеш.

Работнички досега во зимскиот преоден рок доведе шест засилувања кои одлично се вклопуваат во новата средина. Станува збор за Христијан Грозданоски, Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец, Андреј Кировски од Силекс, Марио Станковски и Андреј Лазаров.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!