Европски ФудбалФудбал

ПСЖ одлучи: Мбапе може да си замине уште овој месец

Според последните информации во француските и шпанските медуми, Пари Сен Жермен сепак одлучил да го пушти Килијан Мбапе да си замине од Париз уште овој месец.

Според пишувањата Мбапе не е задоволен по доаѓањето на Лионел Меси во клубот, иако нема причина за такво нешто, а претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е спремен да му дозволи на Мбапе да си замине уште овој месец со цел да не се загрозува атмосферата во клубот.

Мбапе веќе подолго време сака да го напушти францускиот клуб и да се пресели во редовите на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач има договор со „светците“ до следното лето, па сега ПСЖ ќе ја чека првата официјална понуда од „кралевите“ со цел да започнат преговорите околу трансферот на Мбапе во Реал.

Според пишувањата на тамошните медиуми Ришарлисон од Евертон би бил потенцијална замена за него.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!