Европски ФудбалФудбал

ПСЖ не ги пушта Нејмар и Маркињос на Олимписките игри

Фудбалерите на ПСЖ, Бразилците Нејмар и Маркињос не добија дозвола од францускиот клуб за учество на Олимписките игри.

„ЕСПН“ известува дека е одбиено барањето на Фудбалската федерација на Бразил да им се дозволи на напаѓачот и дефанзивецот на „светците“ да учествуваат на Олимписките игри.

Тандемот фудбалери на ПСЖ во моментов учествува со националниот тим на Копа Америка, што се одржува во Бразил.

Нејмар со репрезентацијата има два медала од најголемиот спортски фестивал во светот – злато во 2016 година и сребро во 2012 година. Марињихос беше дел од тимот кој триумфираше во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Олимписките игри во Токио се на програмата од 23 јули до 8 август и секоја екипа има можност да пријави тројца фудбалери постари од 23 години.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!