Европски ФудбалФудбал

ПСЖ го започнува походот по титула во ЛШ, носи фудбалер на Ливерпул

Пари Сен Жермен со години се обидуваше да ја освои Лигата на шампионите. Минатото лето стигнаа до финалето, каде Баерн беше подобар, а оваа сезона „светците“ застанаа во полуфиналето, каде ги запре Манчестер Сити. Во Париз, секоја година се обидуваат да дојдат до толку посакуваната титула во ЛШ, но, никако не им успева.

Затоа газдите на клубот не жалат за парите за засилувања, а како што пишуваат медиумите во Франција, договорено е доаѓање на Џини Вајналдум. Холандскиот централен играч за врска доаѓа како слободен играч затоа што му истече договорот со Ливерпул.

Го сакаше и Барселона, се шушкаше дека сè е договорено, но Парижаните беа подготвени да платат повеќе. Не се спомнува за бројката за која станува збор. Познато е дека Вајналдум наскоро ќе помине на лекарски прегледи, а потоа ќе потпише тригодишен договор.

Вајналдум дојде во Ливерпул од Њукасл во 2016 година, а со клубот ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите. Пред тоа играше за Феенорд и ПСВ, а своите први фудбалски чекори ги направи во Спарта од Ротердам. Дебитираше за репрезентацијата на Холандија на 2 септември 2011 година, а досега одигра 74 натпревари и постигна 22 гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!