Европски ФудбалФудбал

ПСЖ го купува Пјаниќ за смешна сума, Барселона во тотална загуба!

Играчот за врска на Барселона, Миралем Пјаниќ најверојатно ќе ги напушти редовите на Барселона ова лето и ќе потпише за супер богатиот Пари Сен Жермен, кој конечно сака да ја освои Лигата на шампионите.

Парижаните ќе платат „смешна“ сума од 15 милиони евра за него, бидејќи босанскиот играч за врска скоро и да не играше минатата сезона, што резултираше со драстичен пад на неговата цена. Каталонците издвоија 60 милиони евра за него минатото лето, што значи дека со него ќе бидат во чиста загуба од 45 милиони евра.

Од друга страна, Каталонците, поради новиот договор на Лео Меси, мораат да ги намалат платите на своите играчи за да избегнат проблеми со Примера и УЕФА.

Така, играчите како Жуниор Фирпо, Усман Дембеле, Серхи Роберто Антоан Гризман и Жорди Алба се на списокот за заминување.

Дали сите ќе си заминат и дали Барселона ќе биде спасена, останува да видиме.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!