Европски ФудбалФудбал

ПСЖ ги намалува тензиите: Меси е повреден, не игра во среда

Откако се крена прашина во фудбалската јавност, ПСЖ одлучи да ги смири тензиите.

Францускиот клуб во официјалното соопштение наведе дека Лео Меси го напуштил теренот поради повреда во 77. минута од натпреварот со Лион.

Според ПСЖ, Меси добил удар во левото колено. Тензиите настанаа бидејќи медиумите ја потенцираа одлуката на Маурицио Покетино да го замени на околу 15 минути пред крајот, при резултат 1:1, и фактот дека Меси не ја подал раката кон својот тренер по напуштањето на играта.

Се чинеше дека е навистина тактичка одлука, но ПСЖ сега тврди дека Покетино ја направил промената како мерка на претпазливост.

ПСЖ ќе игра против Мец на гости во среда, без Меси, кој за 48 часа треба да направи нови тестови за да го одреди степенот на повредата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!