Европски ФудбалФудбал

Првото големо засилување за Чави: Торес пристигнува во Барселона

Шпанскиот фудбалер Феран Торес од јануари ќе биде играч на Барселона, пренесуваат странските медиуми.

За овој трансфер каталонскиот клуб на Манчестер Сити ќе му плати отштета од 50 милиони евра.

Како што се наведува, управата од „Камп Ноу“ уште порано ги договорила условите со 21-годишниот играч.

Торес ќе биде првото големо засилување на Барселона откако Чави го презеде тимот.

Младиот шпански фудбалер во 2020 година замина од Валенсија во Манчестер Сити, за 28 милиони евра. Досега за „граѓаните“ одигра 43 натпревари и постигна 16 гола со пет асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!