ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Прволигашот Силекс се засили со Кристијан Ефтимов

Кратовскиот Силекс кој се врати во фудбалската екипа на Македонија за следната сезона се засили со Кристијан Ефтимов.

22-годишникот во Кратово доаѓа од редовите на велешки Борец, кој од следната сезона ќе игра во Втора лига. Ефтимов е екс младински репрезентативец, а во Силекс ќе ја засили левата бековска позиција.

Силекс, претходно се засили со Андреј Ричков од битолски Пелистер, кој, исто така, испадна во Втора лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!