Европски ФудбалФудбал

Првата желба се оствари: Мурињо го доби Џака

Жозе Мурињо започна да се подготвува за новата работа. Рома не одигра според очекуваното во претходните неколку сезони и неопходни се засилувања и Португалецот ќе ја добие својата прва аквизиција од Арсенал.

И тоа ќе биде Гранит Џака. Швајцарскиот репрезентативец помина низ вистински ролеркостер за пет години во Арсенал. Од главната надеж на средниот ред, до еден од најомразените фудбалери меѓу навивачите, до капитенската лента и конечно на излезната врата. Дојде време за збогување, а португалскиот тренер реши да му даде шанса да се докаже во нова лига.

Медиумите низ Апенините известуваат дека трансферот е при крај и најверојатно ќе биде официјализиран до крајот на неделава. „Топџиите“ брзаат со цел да почнат со трансфер на Рубен Невес.

За Арсенал одигра 220 натпревари со 13 голови, а пред тоа играше за Борусија Менхенгладбах. Ова ќе биде негова трета елитна лига. Инаку, Мурињо ќе ја има првата можност лично да ги види квалитетите на новото засилување на мечот меѓу Швајцарија и Италија во Рим во рамки на второто коло од групата А на Европското првенство.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!