Европски ФудбалФудбал

Прва тренерска смена во Црна Гора: Савовиќ ќе биде новиот тренер на Сутјеска!

Фудбалската сезона во Црна Гора заврши вчера со реванш дуелите од плеј-офот, а веќе се случи и првата тренерска смена.

Сутјеска денес добива нов тренер, тоа е Милија Савовиќ, кој го водеше Језеро во изминатите две сезони. Сутјеска беше далеку од трката за трофеи оваа сезона, на крајот успеа да го освои второто место и да обезбеди пласман во квалификациите за Конференциската лига.

Милјан Радовиќ очигледно ја заврши мисијата – излез во Европа, а новото раководство на тимот од Никшиќ, кој штотуку е составен, прво започна од решението на клупата.

Со ангажманот на Савовиќ се очекуваат промени и во играчкиот кадар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!