Прва лига под лупа: Вардар за прв пат второлигаш, битка за сигурен опстанок и за Европа!

Како што се прогнозираше зимата дека шансите за да се спаси Вардар се многу мали, тоа и се случи. Најтрофејниот македонски клуб од следната сезона ќе се пресели во Втората лига – Запад. Иако математички вардарци се во игра, сепак јасно е дека шансите да својат бодови на последните два натпревари се минимални, па скори и невозможни, иако во фудбалот се е можно. На Вардар му остануваат натпреварите со Струга на гости и против Македонија ЃП дома. Двете екипи водат тешка борба за третото место и бодовите им се потребни. Квалитетот е на страната на противниците, па шансите како што кажавме за да освое бодови Вардар се скоро па еднакви на нула. После вчерашниот убедлив пораз од Работнички (1:3) на сите им стана јасно дека Вардар оди во понизог ранг на натпреварување.
Покрај Вардар кој сигурно гледа кон Втора лига – Запад и Беласица веќе е отпадната па од следната сезона се сели во Втора лига – Исток.
Пеколната битка за третото место и излез кон Европа продолжува. „Лавовите“ имаат 52 бод и се наоѓаат на третото место, а само еден помалку имаа стружани кој се на четвртата позиција. Струга игра дома со Вардар и очекувано треба да ги добие трите бодови, а во последното коло ќе има незгодно гостување во Кратово кај Силекс. Од друга страна, Македонија ЃП ќе биде домаќин на новиот шампион Шкендија и тука „лавовите“ ќе треба да се изборат за бодови, а во последното коло ќе имаат три бодови од натпреварот со Вардар. И двете екипи имаат три сигурни бодови со Вардар, а останува да видиме колку може да земе Струга од Силекс и колку Македонија ЃП од Шкендија.
Распоред на Струга Трим Лум и Македонија ЃП:
32. коло
- Струга Трим Лум – Вардар
- Македонија ЃП – Шкендија
33. коло
- Силекс – Струга Трим Лум
- Вардар – Македонија ЃП
Битка за сигурен опстанок и избегнување на баражот ќе играат Борец, Силекс, Ренова и Академија Пандев.
Распоред на четири екипи кои ќе се борат за сигурен опстанок:
32. коло
- Беласица – Академија Пандев
- Борец – Ренова
- Работнички – Силекс
33. коло
- Академија Пандев – Борец
- Ренова – Работнички
- Силекс – Струга Трим Лум
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ