ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Против кого Тиквеш ќе игра бараж за Прва лига ?

На две кола до крајот во Втората лига – Исток многу работи се јасни. Брегалница е шампион и се враќа во ПМФЛ, додека Тиквеш како втор ќе игра бараж за влез во Прва лига.

Второлигашот од Кавадарци до последен момент ќе го чека противникот, бидејќи борбата за избегнување на баражот во ПМФЛ е голема. Академија Пандев, Ренова, Силекс и Борец ја водат борбата за сигурен опстанок. Една од овие екипи ќе биде противник на Тиквеш.

Баражот ќе се игра на неутрален терен и во принцип Исток со Исток, Запад со Запад. Доколку двете екипи кои играат бараж од ПМФЛ територијално припаѓаат на ВМФЛ – Исток или ВМФЛ – Запад тогаш бараж натпреварите се утврдуваат со жреб.

Од овие екипи кои во ПМФЛ се борат да го избегнат баражот само Ренова територијално припаѓа на ВМФЛ – Запад, додека Борец, Силекс и Академија Пандев територијално припаѓаат на ВМФЛ – Исток.

Инаку во сезона 2018/19 Тиквеш играше бараж за влез во ПМФЛ токму со Силекс каде загуби со 3:2 со што екипата од Кратово остана прволигаш и во следната сезона.

Што се однесува до Вардар кој во моментот е на 11-тото место има шанси само до бараж, но за тоа да се случи ќе мора од Струга да се врати со три бодови, во случај на пораз и официјално ќе стане второлигаш.

Во однос на Втора лига – Запад, таму борбата за баражот е голема и неизвесна. Охрид, Велешта и Гостивар се во трка за второто место.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!