ФудбалФудбал - Македонска репрезентација
Просинечки: Прв пат слушам дека ќе бидам селектор на Македонија, немам зборено со никој од ФФМ!

Откако се споменуваше дека Роберт Просинечки ќе биде нов селектор на Македонија од страна на српски медиуми, а потоа Фудбалската федерација на Македонија ги демантираше тие вести, денес се огласи и самиот Просинечки во изјава за хрватските медиуми.
Хрватскиот стратег вели дека прв пат слуша такво нешто, воопшто немал разговарано со никој од ФФМ.
„Не знам ништо за тоа. Првпат слушам такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од Фудбалската федерација на Македонија. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема“, вели Просинечки за „Спортске новости“.