ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Пролонгиран стартот на пролетната полусезона во Третата лига – Југ за една недела

Според првичниот план пролетната полусезона од Третата лига – Југ требаше да започне викендот, меѓутоа поради замрзнатите и покриени терени со снег, ниските температури и со цел да се заштити здравјето на фудбалерите, пролетната полусезона се пролонгира за една недела.
14. коло кое требаше да се одигра на 21.02.2021 година се пренасочува за 28.02.2021 година, односно следниот викенд, во ист термин од 14:00 часот.