Пролетниот дел во Третата лига – Југозапад носи дерби меѓу Новаци и Караорман, лидерот Воска домаќин на Стрела

Викендот со натпревари од 12. коло стартува пролетната полусезона од Третата лига – Југозапад.
Во сабота се игра дербито на колото меѓу третопласираниот Новаци и второпласираниот Караорман. Дуелот ќе биде неизвесен и борбен за трите бодови, бидејќи и двете екипи атакуваат за прво место и влез во Втората лига – Запад. Сите останати натпревари се играат во недела.
Амбициозниот Црно Буки ќе биде домаќин на засилениот Октиси кој во пролетната полусезона влегува за подобар пласман на табелата.
Сатеска од Волина на домашен терен ќе ја пречека екипата на Фламуртари, додека Победа од Ивањевци ќе игра дерби од дното на табелата против Лирија од Грнчари.
Влазними во Струга ја чека екипата на Белица, додека во Ресен ќе се одигра интересен дуел меѓу домаќинот Преспа и амбициозната и засилена екипа на Кравари.
Лидерот Воска на домашен терен ќе биде апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Стрела, додека Македонија од Враништа ќе игра дерби со Дебарца.
Табелата од Третата лига – Југозапад можете да ја погледнете ОВДЕ.
Сите натпревари стартуваат во 14:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.